сабота, 27 јули 2024

ССМ: Минималната кошничка е 60.090 денари, ако сте под кирија ви требаат 75 илјади денари

Сојузот на синдикатите на Македонија пресмета дека во текот на овој  месец за да се живее каоо-така се потребни најмалку 60.090 денари, додека ако плаќате кирија за скромен стан од 60 м2, просечно се потребни околу 75 илјади денари.

Објавено на

часот

Сподели

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60.090 денари, информираат денеска од ССМ.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари. Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.

„Функционерите со 2.500 евра плата се хранат во бифе во Собрание и во Влада по багателни цени, додека работниците немаат ни за леб. 22.567 денари изнесува минималната плата, а 22.200 денари или 36,9 отсто од синдикалната минимална кошница се трошат за храна и пијалоци за преживување на едно четиричлено семејство. На работниците им се потребни трошоци за храна на нивните работни места во висина од 20% од просечната плата затоа што некој од нив немаат ни за ѓеврек и јогурт. Гладен работник е непродуктивен работник!“, велат од Синдикатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ