сабота, 27 јули 2024

ССМ и СИЕР се загрижени за состојбите во Еуроникел, без работа е можно да останат 800 работници

„Иднината на Еуроникел индустри е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места“, велат во заедничката реакција Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).

Објавено на

часот

Сподели

Од ССМ и СИЕР денеска изразувајќи загриженост за состојбата во Еуроникел индустри од Кавадарци нагласија дека работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди. 

Работниците денеска одржаа протест пред компанијата со барање за исплата на заработените плати и со предупредување да не се гасат печките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ