Како што информира ССК, Meѓународниот центар за трговија активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен „напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“ кој ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици. По завршувањето на првата фаза од развојот на системот, Meѓународниот центар за трговија планира да направи приоритетна инвестиција во Македонија.
„Meѓународниот центар за трговија го препознава растечкото економско значење на Северна Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување. Сојузот на стопански комори прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет кој за компаниите е одлична можност за проширување на својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија, вмрежување и конекции со потенцијални партнери“, наведува ССК.
На состанокот на кој бил потпишан Меморандумот за соработка присуствувале претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска, директор на „Вита Нова“ и Тристан Еванс, заменик претседател на Meѓународниот центар за трговија. Видео обраќање имал и Џејмс Семјуел Јорк, главен извршен директор на Маѓународниот центар за трговска транспарентност.