вторник, 23 април 2024

Српските медиуми објавија фотографии од осомничените за убиството на малата Данка

Српската полиција потврди дека двајцата осомничени го признале извршувањето на злосторството во случајот со исчезнувањето на малата Данка Илиќ. Уапсени се работници на комуналното претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од селото Лука и Дејан Драгојевиќ (50) од селото Злот кај Бор.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Српските медиуми објавија и нивни фотографии. Според медиумите, тие двајца признале дека со службено возило ја усмртиле двегодишната Данка, по што нејзиното тело го фрлиле на дива депонија кај Бор.

Блиц пишува дека во службено возило на Водовод се откриени траги од крв кои овозможиле да се утврди што се случило.

„Според планот на работа на претпријатието, се знаело кој го возел автомобилот во критичното време, а со проверка на базните станици тоа е и потврдено. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, кажал извор за Блиц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ