Српскиот весник „Курир“ го објавува револтот на некои српски актери, меѓу кои најгласен е Бата Живоиновиќ:
„..Јас не би ѝ дал да дојде, не би ја пуштил. Кој воопшто ѝ дозволува да дојде по тоа што го прави, зошто ни е таа нам? Ни кај нас не треба да ѝ приредуваме дочек и да ѝ оддаваме почит. Нека ја примат тие будали што велат дека е добредојдена тука“, вели Бата Живоиновиќ за весникот.
Мислењата дали тоа Џоли навистина го изјавила или не се поделени. А многумина и се воздржуваат додека не го видат филмот. Премиерата се очекува во втората половина на февруари, кога и актерката планира да допатува во Сараево и Белград. Дотогаш има шанса револтот да ескалира, исто како што има шанса и самата Џоли да се премисли за посетата.