Премиерот на Србија на Бледскиот стратегиски форум ја објасни одлуката на Белград да не ѝ воведе санкции на Русија иако ЕУ бара усогласувањето со надворешната и внатрешната политиката на тој сојуз како дел од интеграцијата.
Вучевиќ објасни дека Србија го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. „И Украинците ни се словенски браќа, како и Русите“, кажа тој. Премиерот на Србија истакна дека Белград не крие ништо околу односите со Кина и Русија и дека има право да ги штити националните интереси на најдобар начин.
Членството во ЕУ останува „главна политичка цел“ на Белград и покрај блиските односи со Пекинг и Москва, кажа Вучевиќ, додавајќи дека не гледа „резултати од санкциите“ против Русија и истакнувајќи дека Србија се мачела под санкциите во деведесеттите и затоа не верува во таа политика.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ реагираше на таа изјава: „Србија и санкциите се пример за промена на режимот, тоа е нешто што се случи и тоа сите го знаеме“.