понеделник, 21 октомври 2024

Српскиот премиер до хрватскиот: Проверете кој ви фали, па ќе видите кој е уапсен

Српскиот премиер Милош Вучевиќ реагираше на изјавата на хрватскиот колега Андреј Пелнковиќ, кој кажа дека приказната за „хрватскиот шпион“ наводно уапсен во подрачјето на Белград не му изгледа сериозно. „Би сакале да знаеме кој е тој шпион, никој не знае кој е, СОА, шпионот е како јети“, изјави во понеделникот Пленковиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучевиќ кажа дека на Пленковиќ во неформален разговор на Бледскиот стратегиски форум му соопштил дека против едно лице се води постапка поради недозволени активности кои ја загрозувале безбедноста на Србија. Наведе и дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) спровела успешна контраразузнавачка операција.

„Тоа му го пренесов во неформален разговор на господинот Пленковиќ. Не му дадов податоци за тоа лице кое е притворено. Против тоа лице е спроведена, би кажал, школска постапка кога станува збор за форензиката, следењето и материјалните докази“, кажа Вучевиќ.

„Предметот е цврст како куќа, верувајте ми, а тоа им го кажав и на хрватските медиуми, па тие нешто извртеа. Му пренесов и на премиерот на Хрватска Пленковиќ да провери кој им фали од списокот. А знаете кој ви фали од списокот, кој во моментов не ви се јавува, па ќе видите кој е уапсен“, додаде тој.

„Не е јети, за жал или за среќа. Не е јети, за жал се бавел со незаконски дејства. Нека го погледне нивната разузнавачка агенција својот список, нека видат кој не се јавува за плата и не испраќа извештаи. Се постапува во согласност со законот, со сите меѓународни закони. Процесиран е и ги има сите права кои ги има секој граѓанин кој ќе се најде пред истражните органи на Република Србија“, заклучи српскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ