„Вечерва се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Северна Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин“.
„Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат – да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“.
Патријархот им искажа длабоко сочувство на родителите на Вукашин, и додаде – „се молиме за покој на душата на нивниот син“.