петок, 26 јули 2024

Српскиот началник на Управата за криминалистичка полиција откри како е убиена малечката Данка

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои ја убиле малата Данка Илиќ (2), го признаа убиството.

Фото: Интерпол

Објавено на

часот

Сподели

Двајца работници на српското ЈКП „Водовод“ од Бор го признаа убиството на малата Данка Илиќ, пишува Блиц, и го пренесува гостувањето на началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Нинослав Цмолиќ на телевизијата Информер.

Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажник, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

„Според нивните изјави, тие застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, удриле во Данка и потоа ја ставиле во багажникот. На ГПС е забележано чудно движење на нивното возило. Нивните приказни за давењето на детето не се поклопуваат, бидејќи детето се разбудило за време на возењето и совозачот ја задавил Данка, а тие не можат да се договорат кој го извршил давењето. Подоцна ја фрлиле во депонија“, изјави началникот на УКП.

„Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат во деталите за ударот, но не се усогласени за самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја задавил и на крај се ослободиле од телото на депонијата“, раскажа Цмолиќ, пренесува Блиц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ