вторник, 24 декември 2024

Српскиот министер за градежништво официјално поднесе оставка

Горан Весиќ поднесе оставка на местото министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наведе дека оставката ја поднесува како одговорен човек кој сака со личниот пример да покаже дека во денешна Србија постои одговорност поради страшната трагедија која се случи во неговиот ресор.

На социјалната мрежа Икс наведе дека заминува „со чиста совест и гордост на резултатите кои остануваат зад него, како и тимот на министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура кој работел со него“.

„Работев со голема почит и одговорност кон граѓанките и граѓаните, со најдобра намера исклучиво во интерес на Србија“, порача Весиќ.

Горан Весиќ вчера на конференција за медиумите најави дека ќе поднесе оставка и истакна дека не прифаќа вина за одговорноста во која загинаа 14 луѓе.

„Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура апсолутно со ниеден свој акт не можело да влијае на проектот, квалитетот и надзорот на работата на станицата во Нови Сад“, порача Весиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ