среда, 23 октомври 2024

Српски спортист загина на кросфит турнир во Тексас (ВИДЕО)

Спасувачките тимови го извлекоа вчера телото на еден спортист во Форт Ворт во Тексас, каде што се одржуваат Кросфит игрите, пренесуваат американските медиуми.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Итните служби излегле на терен по повикот дека некој се удавил околу осум часот наутро по локално време во близина на езерото Марин Крик.

Кросфит игрите издадоа официјално соопштение во кое потврдуваат дека за време на пливачкиот натпревар се случила несреќа, изразија жалење поради смртта на еден од натпреварувачите и најавија дека ќе соработуваат со надлежните во истрагата.

Натпреварувањето во меѓувреме е откажано.

Надлежните не го објавија името на настраданиот, а локалната полиција соопшти дека нема да го објави името додека не се потврди идентитетот и додека не се извести семејството. Медиумите објавија дека жртвата е српскиот кросфит натпреварувач Лазар Ѓукиќ.

Настанот инаку во живо беше пренесуван на Фејсбук, Јутјуб и на спортскиот канал ЕСПН, каде преносот беше нагло прекинат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ