Вчера околу 12 часот при реализација на редовни вежби на скокање од хеликоптер дошло до инцидент при кој припадникот на српската војска исчезнал, додека друг бил потешко повреден.
Повредениот војник бил префрлен во Военомедицинската академија во Белград, каде синоќа бил опериран и се наоѓа на интензивна нега. Српското министерство за одбрана соопшти дека е формирана комисија за истражување на настанот, со цел да се утврди како дошло до инцидентот.