Весиќ кажа дека не ја прифаќа вината за несреќата која се случи, но дека поднесува оставка како одговорен човек.
Српскиот министер кажа дека на премиерот Милош Вучевиќ му понудил оставка истиот ден кога се случи несреќата, а дека својата намера му ја соопштил и на претседателот на Србија.
„Не можам да ја прифатам вината за смртта на 14 луѓе бидејќи ни јас ни луѓето кои работат со мене немаат ни трошка одговорност за трагедијата која се случи“, истакна Весиќ и додаде дека оставката ја поднесува како одговорен човек од морални причини бидејќи несреќата се случи во ресорот кој го предводи.
Весиќ е меѓу функционерите чии оставки се бараат на протестите по падот на натсрешницата.
Здружената новосадска опозиција бара оставки и од претседателот на владата на Србија Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ.