петок, 18 октомври 2024

Српски мафијаш убиен во Бразил пред жената и детето (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Српскиот криминалец Дарко Гајслер Недељковиќ е убиен во Сао Паоло во Бразил на 5 јануари, кога пред куќата во која живеел со семејството го застрелал непознат напаѓач, јавуваат српските медиуми. 43-годишниот Недељковиќ наводно бил припадник на шкаљарскиот криминален клан, а убиен е во петокот вечерта кога со сопругата и детето возел велосипед на брегот на Сао Паоло.

Твитер

Објавено на

часот

Сподели

На снимката која е објавена се гледа напаѓачот кој дотрчува и испукува три истрели во него. Во тој момент Недељковиќ паѓа на тротоарот.

СНИМКАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА:

Недељковиќ во Бразил користел лажен идентитет, Дејан Ковач. Бил мирен и повлечен, а работел во столарска работилница, раскажале соседите за бразилските медиуми. Во српските медиуми се шпекулираше дека Дарко Гајслер е убиен, откако му се изгубила трагата по убиството на Андрија Мрдак во Црна Гора во 2014, во кое учествувал.

Како што јавуваат бразилските медиуми, брзата помош успеала да му пружи помош, но доживеал кардиореспираторен застој и починал.

Гајслер е поврзуван со повеќе криминални групи во Србија и Босна и Херцеговина, а интересно е што никој не го пријавил неговото исчезнување.

Црногорската полиција наведе дека Дарко Гајслер Недељковиќ наводно бил директно вмешан и во ликвидацијата на Видак Воротовиќ од Никшиќ, а според сознанијата на српската полиција бил платен убиец на земунскиот клан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ