сабота, 22 март 2025

Српски Курир: Вучиќ и Орбан поради Хрватска и Албанија преговараат за воен сојуз

Српскиот весник Курир објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан преговараат за воен сојуз на Србија и Унгарија. Тоа е одговор на договорот за воена соработка на Хрватска, Албанија и Косово, пишува Курир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како што дознаваме, Виктор Орбан и Александар Вучиќ веќе влегле во сериозна реализација на воен сојуз на двете земји. Ова е одговорот на Србија на договорот кој во Тирана го потпишаа Хрватска, Албанија и таканаречено Косово, а бидејќи Хрватска и Албанија се членки на НАТО, и Унгарија како членка на Алијансата може да потпише случен договор со држава која не е во Северноатлантската алијанса, а тоа е Србија“, пишува Курир.

Српскиот весник цитира и неименувани соговорници кои велат дека „здружувањето на Албанија, Косово и Хрватска во одбранбен сојуз е директна закана за Србија“ и дека Србија за тоа треба да го извести Советот за безбедност на Обединетите нации.

Хрватска, Албанија и Косово во средата потпишаа декларација за јакнење на одбранбената соработка, а Србија потоа најави дека итно ќе бара објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.

Декларацијата за јакнење на воената соработка, која ја потпишаа трите земји, предизвика големо внимание и бурни реакции во Србија. Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ ја нарече иницијативата „провокативна“, а властите во Белград објавија дека Србија била спремна да разгледа соработка со Хрватска и Албанија.

Српското министерство за надворешни работи порача дека „оваа иницијатива, која се спроведува без Србија, но со Приштина, претставува отворена провокација и грубо игнорирање на реалноста на теренот“.

Српските власти додадоа дека очекуваат итен одговор од Загреб и Тирана за реалните намери и крајните цели на „оваа опасна воено-безбедносна игра“, истакнувајќи дека Србија нема да дозволи никакви еднострани акции кои би можеле да го загрозат територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и мирот во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ