среда, 15 јануари 2025

Српски адвокат: Масовниот убиец од Младеновац не може да добие доживотна казна

Објавено на

часот

Сподели

Сепскиот адвокат Вељко Делибашиќ за телевизијата К1 коментираше каква казна би можел да добие масовниот убиец. Кажа дека не може да добие доживотен затвор.

„Таа казна може да им се изрече само на оние лица кои во времето на извршувањето на кривичното дело имале 21 година. Имајќи предвид дека во моментот на извршувањето на кривичното дело тешко убиство Урош Блажиќ немал 21 година, нема да може да му се изрече најтешката казна. За тоа кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку десет, а максимални 20 години“, кажа српскиот адвокат.

„Да имаше 21 година, би се применила доживотна казна затвор. Истите казни се и за тероризам, најмалку десет, а најмногу 20 години или казна доживотен затвор, но и за тоа се применува истиот кривичен закон“, додаде тој.

„Ако тој навистина го направил тоа што му се припишува и ако тоа се утврди, тогаш 20 години е максималната казна. Право на сите осудени е да поднесат молба за порано излегување по одлежани две третини од казната, но тоа не значи дека судот ќе го одобри“, заклучи адвокатот.

Во Србија денес е трет ден на жалост поради трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Граѓани низ Србија и регионот им оддаваат почит на 17-те жртви на масовните злосторства. Знамињата се спуштени на половина копје, а сите активности почнуваат со минута молк. Се палат свеќи, се остава цвеќе, и во тишина се оставаат разни предмети на местата на злосторствата.

Во средата во основното училиште во Белград ученик на седмо одделение уби осум ученици и чувар, рани шест ученици и учителка. Едвај 36 часа подоцна во Србија се случи ново масовно убиство – вооружениот Урош Блажиќ уби осум лица во селата Мало Орашје во Смедерево и Дубона кај Младеновац.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ