сабота, 21 септември 2024

Српската војска одржува воена вежба, Вучиќ: Сè е ново или модернизирано (ВИДЕО)

Војската на Србија одржува воена вежба „Застава 2024“ по повод Денот на српското единство, слободата и националното знаме. На воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ се прикажани бројно вооружување и воена опрема. Таму беше и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да им се заблагодарам на сите гости и да кажам дека сум горд на војската и на сè што направивме. Иако сум некој кој секогаш критикува, се разбира дека сум на многу нешта горд. Не постои нешто на што сум горд колку што сум на војската. Платата на војници пред десет години беше 330 евра, а денес е четири пати поголема. Денес имаме прикажано 4-5 пати повеќе дронови од претходниот пат“, кажа Вучиќ.

Истакна дека Србија од Франција купува „најнова и најмодерна верзија на борбените авиони „рафал 4.1“, и додаде дека во тек се разговори за пакетот на вооружување кој ќе го имаат.

„Тоа е најновата верзија 4.1, која пред еден месец беше подготвена за француската војска. Значи, најновата и најмодерна верзија. Ги имаат најсовремените радарски системи и најдобрата заштита. Ние купуваме сè најдобро. И кај нас сè е ново, модернизирано, погледнете ги нашите хеликоптери, сите се вооружени. Тоа не ни служи за претстава и фотографирање, туку за реално одвраќање на сите кои сакаат да извршат агресија на нашата земја“, порача Вучиќ.

„Според бројот на оперативни и исправни тенкови ние сме први или втори во Европа. Знам 15 земји кои заедно имаат тенкови колку ние. На педесет отсто од вооружувањето местото на производство му е во Србија и тоа нè прави една од највооружените војски во Европа според бројот на жители“, порача српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ