сабота, 27 јули 2024

Српската полиција ги откри земјите од кои доаѓаат лажни дојави за бомби

Објавено на

часот

Сподели

„Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Како што се додава, тие ги идентификувале локациите на вкупно 19 електронски адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.

„Станува збор за странски државјани што не живеат во Србија“, се вели во соопштението.

Во оваа прилика, МВР на Србија разменува податоци преку Европол и Интерпол со надлежните органи на Шведска, Литванија, Швајцарија, Руската Федерација и Унгарија, како и со компанијата „Гугл“.

Според МВР, претходните денови и граѓани на Србија упатиле заканувачки пораки.

„Поради лажни пријави за поставени бомби во јавни објекти, припадниците на МУП за четири дена кривично гонеа осум лица, државјани на Србија – две лица се уапсени, а против шест други малолетници во редовна постапка се поднесени кривични пријави“, додаваат во соопштението.

Според нив, екипите на МВР на Србија во претходните три дена извршиле контрадиверзиски прегледи на неколку стотици јавни објекти, училишта, болници и трговски центри низ Србија, по што се покажало дека сите пријави се лажни.

Српската премиерка Ана Брнабиќ во вторникот (17 мај) рече дека информациите за бомби во Србија се притисок од странство бидејќи Србија не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, додека министерот за внатрешни работи Александар Вулин еден ден претходно рече дека против Србија се води специјална војна со лажни информации за бомби.

До овие сознанија дошле припадници на МВР, Управата за криминалистичка полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал, Вишото јавно обвинителство и Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ