вторник, 22 октомври 2024

Српската полиција уби исламист во Нови Пазар

Српската полиција уби осомничен за тероризам за време на престрелка во јужниот град Нови Пазар, јавува државната телевизија РТС, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мажот, исламист од Србија, се обидел да избегне апсење во саботата и отворил оган врз полицајците, кои потоа возвратиле и го убиле, се вели во извештајот.

Станува збор за Бошњак кој бил под лупа затоа што засолнил Србин кој преминал во ислам и на 29 јуни со самострел нападнал чувар во израелската амбасада во Белград.

Човекот убиен во саботата бил осуден на долга затворска казна во доцните 2000-ти за напад врз полицајци и планирање терористички акции.

Тој бил вахабист, член на ултраконзервативното исламско движење, а неодамна ја изразил својата верност кон терористичката група Исламска држава во видео објавено на Телеграм.

Нови Пазар е главен град на српскиот регион Санџак, каде што мнозинството од населението се муслимани. Бошњаците го сочинуваат мнозинството од населението во соседна Босна и Херцеговина, но сочинуваат околу 2 отсто од населението на Србија, пишува германската новинска агенција дпа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ