сабота, 27 јули 2024

Српска листа: Неуспешниот референдум на северот на Косово го покажа високиот степен на единство на српскиот народ

Партијата Српска листа оцени дека вчерашниот неуспешен референдум за смена на градоначалниците на четирите српски општини на северот на Косово го покажал високиот степен на единство на српскиот народ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на косовската изборна комисија Крешник Радониќи соопшти дека процесот на гласање за разрешување на претседателите на општините на северот на успеал.

Тој на конференција за медиумите соопшти дека во Лепосавиќ гласале 124 гласачи од 13.000 регистрирани, а во Зубин Поток 18, од 6.000 со право на глас. Наведе дека во Звечан никој не гласал, а дека во Северна Митровица имало вкупно 111 гласа.

Српска листа, партија на Србите на Косово, која има поддршка од Белград, организирањето на референдумот го нарече „фарса во организација на режимот (на премиерот на Косово) Аљбин Курти“.

Додаде дека „била длабоко во право кога ги повикала Србите да не учествуваат во гласањето кое, како што тврди, од самиот почеток било направено со цел да не успее“.

Српска листа наведе дека сака „јасно да повтори“ дека била „повеќе од спремна“ да учествува во тој процес за да бидат сменети градоначалниците (Албанци) во четирите општини, но истакна дека не сакала да игра игри во режија на Приштина.

Наведе дека со тоа би се обесмислил целиот процес и би се спречила смена на градоначалниците, „а тие тоа потоа би го претставиле како некаков легитимитет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ