петок, 13 декември 2024

Српска кандидатура ако се продолжи дијалогот со Косово

Објавено на

часот

Сподели

Штефан Филе денес во Брисел разговарал со шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, јавува Танјуг.

„Оддадов признание за посветеноста на српското раководство кон европските интеграции. Потенцирав дека ЕУ сè уште очекува активен пристап кон продолжувањето на дијалогот и реален напредок, особено на полето на регионалното претставување“, изјавил Филе во текстот доставен до медиумите.

Според неговите зборови, „доколку навреме дојде до напредок, Советот на Европа на следната седница ќе ја потврди одлуката на Србија да ѝ се додели статус на кандидат“.

Условите што ги поставува Брисел подразбираат продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и постигнување договор за регионално претставување на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ