сабота, 19 октомври 2024

Срѓан Захариевски е нов тренер на Вардар

Вардар потврди дека Срѓан Захариевски го презема кормилото на тимот, тој е третиот тренер на црвено-црните оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Успешно завршија денешните преговори меѓу Вардар и Захариевски по што тој е назначен за нов тренер.

Вардар лошо влезе во новата сезона, која ја почнаа со Горазд Михаилов, потоа беше назначен Горан Петрески – Чунга, но и тој замина по само два натпревари. Захариевски ќе биде трета среќа за црвено-црните.

Захариевски досега беше тренер на Металург, Пелистер, Струга и Воска.

Како фудбалер настапуваше за Вардар, од 2001 до 2004 го носеше црвено-црниот дрес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ