четврток, 16 јануари 2025

Средношколците се во бунило, „нема позитивна промена во реалноста како одговор“

Оваа трагедија ќе ни служи како сурова лекција за поголема претпазливост, емпатија и сплотеност, но по најскапата цена – човечки животи. Учениците од сите возрасти чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена, а воедно и нивниот комфор како млади. Апелираме во овој период интензивно да се внимава на менталното здравје, особено во училиштата како исклучително важна средина погодена од овој настан, се вели во соопштението на Сојузот на средношколците кој упати „најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Сојузот ги потенцира дополнителниот страв и паника предизвикани од информацискиот хаос во медиумите и социјалните мрежи. Нашата медиумска неписменост, иако е детска и невина, има сериозни последици кои го влошуваат и пролонгираат ефектот на ваквите немили настани откако ќе се случат.

Покрај информациската криза, согледавме дека не само младите, туку мнозинството граѓани се во бунило како да го искажат својот гнев и ефикасно да дејствуваат во пракса. Евидентно е дека има силен револт и дека тој е широко присутен, но сѐ уште на видик нема позитивна промена во реалноста како одговор. Веруваме дека ова се должи на ниското ниво на запознаеност со демократскиот систем, процеси и движења.

Ја потсетуваме јавноста дека една од неговите главни заложби е зголеменото образование токму во овие области, за спречување и подобро менаџирање на ваквите ситуации во иднината. Апелираме до институциите за поинтензивна работа и приоритизирање на развој на предлозите од Белата книга на Сојузот ‘Изучувањето на граѓанското и финансиското образование, медиумската писменост и дебатата во средните училишта како предуслов за градење активни граѓани’ кои ден за ден се покажуваат како сѐ понеопходни“, соопшти Сојузот на средношколците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ