недела, 20 октомври 2024

Средношколците ја завршија учебната, утре матурантите полагаат втор екстерен испит

Објавено на

часот

Сподели

Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Матурантите, пак, утре  ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика  или Филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15.620 матуранти го полагаа на 27 мај. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ