вторник, 21 јануари 2025

Средба во Вашингтон на Мицкоски со организацијата „Македонија 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите“, напиша Мицкоски во објавата.

Мицкоски во Вашингтон присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Покрај инаугуративните активности, тој оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во вип-ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Џ. Трамп“.

Вака напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук и објави фотографии со Ватли од настаните по инаугурацијата на Трамп.

Мицкоски е единствен лидер од Балканот на инаугурацијата. Тој оствари бројни средби со луѓе од новата американска администрација и бизнисмени блиски до Трамп, меѓу кои Ричард Гренел, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина бизнисмен Крис Павловски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ