сабота, 19 октомври 2024

Средба на Кочо Анѓушев со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

Објавено на

часот

Сподели

Делегацијата од Обединетото Кралство се интересираше за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во Македонија, како и за деловите од енергетскиот сектор кои можат да бидат привлечни за британските инвеститори.

Инвеститорите од Обединетото Кралство ги разгледуваат можностите за засилено вложување на својот капитал во Југоисточна Европа. Британските државни претставници разговараат со релевантни личности од бизнис заедницата кои можат да им дадат издржани анализи за идните движења на полето на енергетиката во поширокиот регион.

с

Покрај размената на мислења за актуелните случувања во енергетиката и тековите во енергетската транзиција, Анѓушев се заблагодари на британската делегација за финансиската помош од Обединетото Кралство дадена на Македонија, а со чија помош се изработи државната Стратегијата за енергетика, во мандатот кога Анѓушев ја извршуваше функцијата вицепремиер на македонската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ