четврток, 6 март 2025

Средба на Јандроковиќ со македонските Хрвати, влез во Уставот за зачувување на идентитетот

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во тридневна посета на нашата држава.

Објавено на

часот

Сподели

Односите меѓу двата народи се пријателски и секогаш постои партнерство, пријателство и симпатии бидејќи не врзуваат историски врски, изјави претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ на прес-конференцијата со неговиот македонски колега, Африм Гаши.

Јандроковиќ посочи дека хрватското малцинство во Македонија е гордо што е овде и ја почитуваат оваа татковина, но и се горди на своите хрватски корени. Вели дека истото важи и за македонското малцинство во Хрватска.

Како што се наведува во соопштението од хрватскиот Сабор, претставниците на македонските Хрвати го информираа претседателот на Саборот, Јандроковиќ, за проекти насочени кон зачувување на хрватскиот јазик, националната историја и културно наследство, како и за негување на хрватскиот национален идентитет.

„Тие се осврнаа на прашања од областа на образованието, културата и медиумското претставување, вклучително и предизвиците со кои се соочуваат. Напоменувајќи ја досегашната поддршка од македонската страна во реализацијата на одредени проекти, тие ги посочија и предностите што ќе им ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Северна Македонија“, стои во соопштението.

За европскиот пат на Македонија, Јандроковиќ изјави дека знае како се соочуваме со проблеми и како нашето членство во НАТО беше исполнето со пречки, но и дека се уште постојат пречки, изразувајќи ја хрватската поддршка и понатаму да истраеме во тој пат и да ги решиме тие проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ