„Министерот Муртезани ја истакна важноста на Турција како значаен политички и економски актер на Балканот. Турција игра централна улога во стабилизирањето на регионот и справувањето со глобалните и регионалните предизвици, вклучително и поддршката за економски раст и стабилност во земјите од Западен Балкан. Министерот подвлече дека оваа соработка има стратешко значење за унапредување на економските и политичките врски.
На средбата беше договорено дека унапредувањето на високиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Турција е од суштинско значење. Двајцата министри се согласија за потребата од идентификување на точки од заемен интерес кои ќе овозможат уште поголема соработка, особено во областа на економијата, трговијата и културната размена.
Северна Македонија, како мултикултурно и мултиетничко општество, особено ја цени поддршката на Турција во унапредување на социјалните структури и инклузивноста. Беше нагласено дека заедничките иницијативи за јакнење на општествените врски претставуваат модел на позитивна соработка што придонесува за стабилноста и развојот на регионот.
Министерот Муртезани потенцираше дека забрзаното интегрирање на регионот во европските структури претставува можност за зголемен раст и развој. Тој нагласи дека соработката со Турција, како важен сојузник во овој процес, е клучна за обезбедување на економска и политичка стабилност, како и за унапредување на евроинтегративните напори на Северна Македонија.
Двајцата министри дискутираа и за важноста на стабилноста на енергетскиот сектор, како и можностите за заеднички енергетски проекти. Беше нагласено дека енергетската соработка претставува важен дел од билатералните односи и стратешки приоритет за обезбедување на одржлив развој.
Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка на Турција во процесот на интеграција на Северна Македонија во европските структури. Тој ја нагласи заедничката визија на двете земји за стабилен, мирен и просперитетен Балкан, кој е интегриран во Европската Унија и подготвен да се справи со современите предизвици“, соопшти Министерството за европски прашања на Македонија.
Средба Mуртезани – Фидан: Турција има централна улога во стабилизирањето на регионот
Министерот за европски прашањa Орхан Муртезани вчера во Анкара имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, во рамки на својата работна посета на Анкара. На средбата се разговараше за важни прашања од политички, економски и социјален карактер, со акцент на зајакнување на билатералните односи и регионалната стабилност, соопштина од Министерството за европски прашања.
Објавено на
часот