сабота, 27 јули 2024

Сребрени медали за Камбери и Муареми на Балканското карате првенство за деца во Бар

Објавено на

часот

Сподели

Јасин Камбери во борбите до 50 килограми до 11 години, освои сребрен медал откако во финалето беше поразен од Црногорецот Филип Илинчиќ.

Ајран Муареми во борбите до 35 килограми, 10 години, го освои среброто откако во финалето загуби од Кузеј Динлер од Турција.

Претходно бронзени медали освоија Мила Николова во борби +50 кг до 12 години (4 победи и 1 пораз), Тодор Сутинов во кати за деца до 11 години и Верон Дервиши во кати за деца до 12 години.

Женските ката тимови освоија сребрен и бронзен медал.

Во категоријата од 10 до 11 години, тимот на Македонија составен од Димитриева, Ѓоргиева и Златковска освоија сребро откако во финалето загубија од Турција.

Во категоријата од 12 до 13 години, женскиот ката тим составен од Грозданоска, Којческа и Минговска освои бронза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ