петок, 18 октомври 2024

Србљак избори учество на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот меч го победи Американецот Алекс Банцила со 2-0 во сетови (6-2 6-4) за 100 минути игра, а во вториот меч или финалото квалификациско коло го победи Габриел Шенекененебрег од Бразил со 2-0 во сетови (6-3 6-2) за 101 минута игра.

Денеска во првото коло од „главниот“ турнир што се игра за награден фонд од 15.000 долари тој ќе игра против јуниорот од Србија Вук Раѓеновиќ (18 годии, 1545 место на АТП).

На женскиот дел од турнирот во квалификациите настапи и младата македонска тенисерка Ива Данева. Таа во првото коло ја победи Миља Љубиќ од Србија со 2-0 во сетови (6-0 6-2), а во второто квалификациско коло загуби од Нина Алибалиќ од Австралија со 2-0 во сетови (6-3 6-1).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ