среда, 19 март 2025

Србин и Хрват го урнаа моќниот Кливленд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс благодарение на одличната игра на Богдан Богдановиќ и Ивица Зубац го победи најдобриот тим во лигата оваа сезона, Кливленд со 132-119.

Објавено на

часот

Сподели

Србинот и Хрватот беа едни од најдобрите во својот тим, особено хрватскиот кошаркар Ивица Зубац кој имаше блескава партија.

Зубац мечот го заврши со 28 поени и дури 20 скокови, а Богдановиќ испиша историја, тој реализираше 20 поени и стана првиот кошаркар во Клиперс кој имал 100 отсто ефект од игра со најмалку осум шута (8/8).

Најмногу поени за Клиперс постигна Ленард, 33, а одличен беше и Харден со 22 поени и девет асистенции. Во составот на Кливленд, Штрус даде 24 поени.

Резултати:

Шарлот – Атланта 102-134
Бостон – Бруклин 104-96
Голден стејт – Милвоки 104-93
ЛА Клиперс – Кливленд 132-119

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ