сабота, 27 јули 2024

Србија воведе визи за Кубанците

Објавено на

часот

Сподели

Пред одлуката на српската влада да ја усогласи визната политика со Европската Унија Кубанците можеа да ја посетата Србија само со покана, немаше потреба од виза.

Одлуката ја потврди функционер на амбасадата на Србија во Хавана за кубанскиот весник Диарио де Куба уште во март.

Фернандо Алмејде, адвокат кој живее во Белград, изјави дека одлуката е донесена во март но дури сега е имплементирана, и додава дека тоа е направено поради големиот прилив на Кубанци, од кои многумина се задржани на аеродромот Никола Тесла во Белград поради „сомнителни причини“, пишува Б92.

Од минатата година Србија воведе визи за десетина земји по критиките од ЕУ дека не ја усогласува својата визна политика со блокот, како сите земји кандидати.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека „Србија мора да ја прилагоди визната политика со ЕУ ако сака да остане кандидат за членство“.

Комесарката на ЕУ за внатрешни работи Илва Јохансон се закани дека постои можност ЕУ да го суспендира безвизниот договор со Србија, ако нејзината влада не се откаже од безвизните аранжмани со земји од третиот свет.

Претходно Србија воведе визи за Боливија, Индија, Гвинеја Бисао, Тунис и Бурунди. ЕУ врши притисок Србија да го укине и безвизниот режим со Белорусија.

На безвизната листа на Србија остануваат Ерменија, Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Кина, Индонезија, Јамајка, Киргистан, Кувајт, Казахстан, Монголија, Оман, Катар, Суринам, Турција и Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ