среда, 26 март 2025

Србија славеше над Австрија за опстанок во Лига А (ВИДЕО)

Србија со 2-0 ја победи Австрија и со вкупни 3-1 успеа да го добие плејоф мечот за опстанок во најдобрата дивизија од Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Максимовиќ во 56. минута по една катастрофална грешка на Австријците.

Десет минути подоцна Траунер заработи црвен картон, Австрија остана со фудбалер помалку.

Конечните 2-0 ги постави Влаховиќ со гол во 90. минута по асистенција на Лука Јовиќ.

Место во Лига А обезбеди Турција која со убедливи 3-0 славеше над Унгарија. Чалханоглу, Ѓулер и Бардакчи ги дадоа головите за Турците.

Во другите плејоф натпревари кои се играа во овој термин Косово со 3-1 победи на гостувањето кај Исланд, Грција со 3-0 победи во Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ