среда, 23 октомври 2024

Србија се врати од минус 24 и се избори за полуфинале на Олимписките игри

Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Австралија со 95-90 во натпревар со едно продолжение и се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, Србите во еден момент од мечот губеа и со 24 поени разлика.

Објавено на

часот

Сподели

Србија имаше катастрофален почеток на мечот, одбраната не функционираше, Австралијците го полнеа кошот, првата четвртина ја добија со 31-17. Во текот на вториот период Австралија дојде и до највисоки 24 поени разлика, беше 46-22. Кога дојде негативата до таа точка, Србија се освести и почна полека да ја топи. На полувремето беше 54-42.

Во третиот период Србија комплетно го сврте резултатот и во последните десет минути влезе со два поени предност 67-65. Последната четвртина беше крајно неизвесна, натпреварот заврши 82-82. Следуваа пет минути продолжение.

Австралијците добро тргнаа, имаа водство од 90-87, тогаш Србија почна серија од 8-0 и конечниот резултат беше 95-90.

Најдобар во составот на Србија беше Никола Јокиќ со 21 поен, 14 скокови, осум асистенции и четири украдени топки, тој беше извонреден во периодот кога се одлучуваше мечот, ја презема одговорноста и донесе победа, Богдановиќ постигна 17 поени, Мициќ 14. За Австралија Милс постигна 26 поени, Гиди 25.

Србија во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Бразил и САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ