сабота, 27 јули 2024

Србија: Одреден притвор за таткото на напаѓачот од основното училиште

Објавено на

часот

Сподели

Притворот е одреден „поради постоење специјални околности кои укажуваат дека во краток временски период би можел да го повтори кривичното дело како и поради тоа што за кривичното дело за кое е осомничен е пропишана казна затвор над десет години а начинот на извршување и тежината на кривичното дело доведоа до вознемирување на јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

Осомничениот В.К. се терети дека извршил кривично дело тешки дела против општата безбедност, се наведува во соопштението.

Против решението за притворот може да се поднесе жалба.

Во средата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беше извршено масовно убиство, кога малолетниот К.К, син на В.К. почнал да пука и убил осум ученици и работник на обезбедувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ