сабота, 19 октомври 2024
Квалификации ЕВРО 2024

Србија немаше среќа против Унгарија, Бонавентура со спектакуларен гол испиша историја (ВИДЕО)

Унгарија е на чекор до пласман на Европското првенство откако со 2-1 ја совлада Србија, Џакомо Бонавентура постигна спектакуларен гол во победата на Италија од 4-0 над Малта и стана најстариот играч со деби гол во дресот на „аѕурите“.

Објавено на

часот

Сподели

Италија очекувано славеше со 4-0 над Малта за три бода и втората позиција во нашата Група Ц.

Резултатот беше отворен на средината од првиот дел, Бонавентура од работ на шеснаесетникот спектакуларно погоди во аголот за 1-0. За фудбалерот на Фиорентина ова беше гол првенец, па беше испишана нова историја, популарниот Џек стана најстариот играч со деби гол во дресот на „аѕурите“.

Пред крајот на полувремето, Берарди зголеми на 2-0, а истиот фудбалер по дваесетина минути во продолжението од натпреварот донесе 3-0. Конечниот резултат го постави Фратези со гол во 93. минута.

Србија немаше среќа против Унгарија и одново загуби со 2-1. Домаќините поведоа со голот на Варга, Павловиќ изедначи на 1-1, но Салаи донесе ново водство за Унгарија во 34. минута.

Во второто полувреме, нашиот северен сосед создаде доста шанси, имаше поништен гол, во неколку наврати ја затресе рамката од голот, но на крајот мораше да се помири со пораз.

Данска со 3-1 го совлада Казахстан за чекор кон пласман на ЕВРО 2024 година, а истото го стори и Словенија со триумф од 3-0 над Финска.

Во натпревар без големо значење, Литванија со 0-2 славеше на гостувањето кај Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ