понеделник, 9 декември 2024

Србија на границата со Хрватска блокирала автобуси од Косово

Српските власти на границата со Хрватска, на преминот Батровци, од полноќ блокираат најмалку четири автобуси со косовски регистрации и патници од Косово, јави денес Приштина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Секретарот на косовската Канцеларија за врска со Србија Фатмир Хаџоли изјави дека таа блокада на граничниот премиер Батровци-Бајаково претставува „знак на одмазда и апсурдна нервоза“ на официјален Белград поради гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа за поддршка на Косово за членство во таа организација.

„Блокирањето повеќе од 300 граѓани, држењето на пасошите и патните исправи, е флагрантно кршење не само на Бриселските договори туку и на универзалните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции. Само најавторитарните режими блокираат патници од друга земја со објаснување дека „тоа е наредба од Белград“, порача Хаџоли на Фејбук.

Тој најави дека ќе отиде до граничниот премин на Србија и Хрватска за од прва рака да се запознае со ситуацијата во која се наоѓаа државјаните на Косово. Српското министерство за внатрешни работи не ја потврдило или демантирало информацијата за блокирањето на автобусите за хрватска Хина.

Косовската полиција и министерството за надворешни работи на Косово апелираа денес дека „граѓаните кои патуваат да не минуваат низ Србија“.

Државјани на Косово кои минуваат низ Србија и претходно биле сопирани, а некои од нив српски власти ги апселе поради сомнеж дека извршиле воени злосторства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ