недела, 20 октомври 2024

Србија ќе одмора против нас

Објавено на

часот

Сподели

Момир Илиќ прв на листата за одмор

Селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ, призна дека три дена одмор ќе бидат добредојдени за главните играчи, чиј товар најмногу паѓа на ова ЕП за полуфиналето, кое е закажано за в петок. Пред сè тука се мисли на Момир Илиќ, првиот стрелец на тимот, Марко Вуин, и најдобриот голман, Дарко Станиќ, актуелниот чувар на мрежата на скопски Металург.

„Не сакам да калкулирам со можниот противник, затоа што сè е можно. Најдобро е да ги почитуваме играчите и да им го дадеме потребниот одмор за полуфиналето. Мора тие да закрепнат по напорот во овие мечеви“, изјави Вуковиќ.

Пласманот на Србија во полуфиналето, прво за северниот сосед по пауза од над 15 години, ја спласна тензијата за последниот дуел, па последниот меч од главната фаза го оставија да биде „ревијален“. Тие веќе на ова ЕП одиграа еден таков ревијален меч во првата фаза, кога против Словачка одиграа нерешено 21-21. Тој меч не им беше од никакво значење оти имаа веќе освоено максимални бодови за пренесување, па на теренот во белградски „Пионир“ само статираа и го трошеа времето за да го дочекаат крајот, иако имаа и осум гола предност.

И играчите низ белградските медиуми најавуваат дека ќе им биде добредојдена паузата и дека сите со нетрпение очекуваат да дојде петок, кога ќе има „хаос“ во Арена. Тоа значи дека психички, Србите со паметот се во полуфиналето, што значи уште една олеснителна околност за избраниците на Звонко Шундовски.

Особено ако уште денеска Србите дознаат кои би им биле евентуалните противници со кои би се вкрстиле во битката за полуфиналето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ