Првата четвртина беше клучна, Србија ја доби со 5-2, создаде предност од три гола разлика која ја чуваше до крајот. Тоа беше единствениот период кој го добија Србите. Хрватите се обидуваа до крајот на мечот да стигнат, но не успеаа.
Најефикасен во составот на Србија беше Милош Чук со три гола, исто толку за Хрватска постигна Јерко Мариниќ.