петок, 26 јули 2024

Србија ја одбележува 25-годишнината од НАТО бомбардирањето

Србија денес со низа комеморации ја одбележува 25-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, во кои, според официјалните податоци, беа убиени околу 3.500 војници, полицајци и цивили, меѓу кои 89 деца, ранети околу 6.000 војници, а економската штета се мери во милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Западниот воен пакт ги почна нападите на територијата на Југославија на 24 март 1999 година во 19:45 по одбивањето на Белград да го потпише договорот за Косово од Рамбуе. Одлуката за бомбардирањето беше донесена како преседан во историјата на ОН, без одобрување на Советот за безбедност.

Членките на НАТО немаа шанса да добијат дозвола од Советот за безбедност на ОН, бидејќи Кина и Русија најавија вето, па НАТО без одобрување ги почна воздушните напади кои траеја до 10 април 1999, кога во Куманово беше постигнат договор кој ја примора Србија да ги повлече воените и полициските сили од Косово и се воспостави Привремената административна мисија на ОН (УНМИК).

Повлекувањето на војската и полицијата го следеше егзодус на стотици илјади Срби од Косово, а косовскиот парламент во февруари 2008, со поддршка од Западот, и спротивно на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, еднострано прогласи независност. Србија сè уште го смета Косово за своја територија.

Командата за агресијата на НАТО ја издаде тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана.

За време на тримесечното бомбардирање, чии цели требаше да бидат воени објекти – касарни, радари, патишта, пруги и друга инфраструктура, беа ракетирани и медиумски куќи, меѓу другите Радио телевизија Србија, амбасадата на Кина во Белград, како и здравствени установи и споменици на културата.

Според официјалните податоци на министерството за одбрана на Србија, во нападите на НАТО се убиени 1.031 припадник на војската и полицијата. Проценките се дека се убиени околу 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца, а повредени се околу 6.000 цивили, додека 25 лица и понатаму се водат како исчезнати. Вкупната економска штета е проценета на 30 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ