петок, 18 октомври 2024

Србија испрати пожарникари и возила во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, врз основа на договорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, наложил Секторот за вонредни ситуации во српското министерство за внатрешни работи да испрати во Грција тим од 36 пожарникари спасувачи и 14 пожарникарски возила кои ќе помогнат во гасењето на пожарите, се наведува во соопштението.

Дел од тимот е медицинска екипа со санитетско возило. Тимовите тргнале синоќа и ќе бидат распоредени на локации за кои грчките власти ќе одлучат дека помошта им е најпотребна, се наведува. Огнената стихија на грчкиот остров Родос трае од вторникот и се шири, помогната од ветерот.

Веќе се евакуирани илјадници странски туристи и локални жители, а пожари горат на уште неколку грчки острови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ