сабота, 27 јули 2024

Србија и Унгарија реагираа на одлуката на Бугарија за рускиот гас, Македонија молчи

Србија и Унгарија веднаш реагираа на одлуката на бугарската влада да ја зголеми таксата за транспорт на рускиот гас преку нејзина територија. Од оваа одлука најзасеганти ќе бидат Македонија, Србија и Унгарија. За разлика од овие две земји, македонското Министерство за надворешни работи, веќе традиционално молчи кога станува збор за одлуките на властите во Бугарија кои ги засегаат македонските граѓани и македонската економија.

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија и Србија најавија дека ќе бараат заеднички одговор од Бугарија и од Европската унија (ЕУ) за ваквата еднострана одлука на бугарската влада.

Според експерти, потегот на бугарските власти е спротивен на Договорот за соработка потпишан со Македонија, но и на други билатерални договори кои предвидуваат земјите кандидати да бидат помагани од членките на ЕУ на патот кон Унијата.

Верувам дека ќе успееме да решиме сѐ со нашите бугарски соседи и пријатели. Едноставно има договори кои се јасни и недвосмислени“, реагираше претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Реакција имаше и од кабинетот на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.Бугарската одлука за наметнатата такса за транзит на природен гас од Русија е непријателски чекор кон Унгарија и Србија. Таа е против европската солидарност, бидејќи ја загрозува енергетската безбедност на земја членка на ЕУ и земја кандидат. Европската унија не применува санкции за испораките на природен гас од Русија, па аргументот на бугарскиот премиер во овој поглед е целосно неточен“, стои во реакцијата.

Голем дел од експертите веќе реагираа дека новата такса ќе се одрази на цената која ќе ја плаќа крајниот потрошувач и ја сметаат за голема уцена на бугарската политика врз земјава.

Меѓународните договори секогаш се посилни од внатрешното право и како такви мора да се почитуваат од сите земји потписнички, во спротивно се доведуваат под прашалник меѓународниот поредок и воопшто принципите на меѓународното право.
Овој потег на Бугарија веќе се толкува како спротивен на меѓународните договори, како на пример основните договори за стабилизација и асоцијација во кои ЕУ се обврзува дека ќе им помага на Македонија и на Србија во унапредување на политички план, ќе ја дава потребната помош во воспоставувањето ефикасна правната држава, но ќе помага и во борбата со корупцијата и криминалот во државата, сето тоа дополнето со креирање подобар амбиент за продлабочување на економската соработка.

Одлуката на бугарската влада за зголемување на тарифите за транзит на руски гас наиде на осуда и од бугарскиот претседател Румен Радев, кој отворено кажа дека тоа е кршење на европските норми и на веќе потпишаните договори.
За каква европска солидарност и европска интеграција зборуваат нашите владетели ако навлегуваат во земја членка на ЕУ, сојузник и партнер во НАТО и Европската Унија, земја со која имаме длабоки културно-историски врски и која е една од главни инвеститори“, рече Радев.

Бугарскиот политиколог и експерт за меѓународни односи и геоенергетика Станислав Бачев смета дека одлуката не само што е неправилна туку е и опасна, бидејќи не ги зема предвид другите последици на дипломатско ниво и во односите со земјите што се директно засегнати од таа одлука.
Во овој случај целта не ги оправдува средствата. Сега ќе бидеме уште подлабоко вовлечени во финансиските проблеми. Во геополитиката и дипломатијата, ваквите одлуки се носат само како форма на мека моќ насочена кон удар на земја. Тоа е форма на санкции, а како што постојано се потврдува, санкциите кон другите земји не функционираат како механизам, тие го поскапуваат производот или стоката. Значи, имате еден истрел: ако пукате и ја промашите целта, тоа ја намалува довербата меѓу земјите. Во овој случај, не се работи за желбата да се „казнуваат“ земји како Србија или Унгарија – ова е резултат на неспособност, а ударот врз тие земји е последица што очигледно не била предвидена“, изјави за бугарските медиуми Бачев.

Од Брисел засега нема никаква реакција.

                                                                                                                                                                    А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ