сабота, 27 јули 2024

Србија и САД ќе играат во иста група на Олимписките игри

Репрезентациите на Србија и САД се паднаа во иста група на кошаркарскиот турнир од Олимписките игри во Париз на денешната ждрепка која се одржа денеска во Швајцарија.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува спектакуларен дуел бидејќи двете селекции најавија дека ќе играат со своите најсилни состави. Тие се паднаа во групата Ц заедно со Јужен Судан и најверојатно Литванија и Италија, во зависност од исходот на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Порторико каде учествуваат уште Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Бахреин и домаќинот.

За САД учество најавија најголемите ѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис… за Србија уште е неизвесно дали ќе игра Никола Јокиќ.

Светскиот шампион Германија е во групата со домаќинот на Олимпијадата, Франција, потоа Јапонија и победникот од квалификацискиот турнир во Летонија. Најнеизвесна ќе биде групата А во која сигурни се само Австралија и Канада, а друштво би можеле да им прават Словенија, Шпанија или Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ