среда, 23 октомври 2024

Србија го победи Јужен Судан и ја израдува Грција

Кошаркарската репрезентација на Србија како второпласирана оди во четвртфиналето откако го совлада Јужен Судан со 96-85 во интересен меч во кој африканската репрезентација се бореше до самиот крај.

Објавено на

часот

Сподели

Јужен Судан добро ја испоти Србија, мечот беше во егал до третата четвртина, дури во финишот Србите се одлепија, но ниту тогаш Африканците не се предаваа.

На Јужан Судан му одговараше и пораз од два разлика за да оди понатаму, но тоа не се случи, па убедливиот триумф на Србите помогна Грција да оди понатаму.

Богдановиќ имаше фантастична вечер, постигна 30 поени, Јокиќ имаше дабл-дабл со 22 поени и 13 скокови. Во составот на Јужен Судан, Џонс и Шејок постигнаа по 17 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ