среда, 25 декември 2024

Србија: Доживотен затвор за татко поради силување малолетна ќерка

Советот на Вишиот суд во Лесковац го прогласи за виновен капетанот на Војската на Србија С.С. поради силување на својата малолетна ќерка од ноември 2019 до мај 2022 година и го осуди на казна доживотен затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението, при одлучувањето за видот и големината на казната судот ги имал предвид бројните отежнувачки околности кои се однесуваат на начинот и времето на извршување на кривичното дело, личноста на обвинетиот, отсуството на емпатија, тежината на последиците на кривичното дело, наоѓајќи дека не постојат олеснувачки околности.

„Судот одлучи дека со таквата пресуда се влијае и на другите граѓани да се воздржат од вршењето такви и слични најтешки кривични дела“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на Вишиот суд во Лесковац Небојша Стојчиќ.

При судењето и донесувањето на одлуката јавноста била исклучена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ