понеделник, 13 мај 2024

Срби краделе велосипеди во Аеродром, полицијата ги фати

Полицијата приведе двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела тешка кражба и едно кривично дело кражба на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ