сабота, 27 јули 2024

Срамен пораз на Баерн Минхен, Леверкузен во следното коло може да стане шампион (ВИДЕО)

Баерн Минхен водеше со 2-0 на гостувањето кај Хајденхајм и на крајот го загуби мечот со 3-2, Леверкузен славеше на гостувањето кај Унион Берлин и во следното коло и теоретски може да ја завери титулата.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен одигра одлично прво полувреме во кое со голови на Кејн и Гнабри дојде до водство со 2-0.

Но, во вториот дел работите изненадувачки се променија. Во 50. минута Сеса намали на 2-1, а веќе во следната минута Клендинст израмни на 2-2.

Клеинденст постигна гол и во 79. минута за победа на Хајнденхајм од 3-2.

Леверкузен ја зголеми предноста на табелата на 16 бода откако со гол на Вирц од пенал во судиското продолжение од првото полувреме дојде до победа на гостувањето кај Унион Берлин.

Во следното коло Леверкузен го пречекува Вердер Бремен и доколку победи ќе ја завери шампионската титула.

Лајпциг со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Фрајбург. Елмас во игра влезе во 83. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ