недела, 20 октомври 2024

Спротивставените страни во Судан преговараат за прекин на огнот

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите се водат во саудискиот приморски град Џеда, на Црвено Море, соопштија денес САД и Саудиска Арабија.

Вашингтон и Ријад ги иницирале дипломатските разговори со цел да се прекинат борбите кои главниот град на Судан, Картум и други градови претворија во бојни полиња.

Во заедничкото соопштение, двете држави ги повикаа завојуваните страни „активно да се ангажираат во преговорите за прекин на огнот и завршување на конфликтот, за да го поштедат суданскиот народ“.

Претставниците на војската и РСФ порачаа дека ќе разговараат за отворање хуманитарни коридори во Картум и соседниот град Омдурман во кои се борат нивните сили.

Ќе разговараат и за заштита на цивилната инфраструктура, пред сè здравствените установи, и за механизам за следење на спроведувањето на прекинот на огнот.

Судан е во хаос од избивањето на крвавата борба за власт која ја водат трупите на шефот на војската, генералот Абдел Фатах ал Бурхан, и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагал кој е на чело на одметнатите воени Сили за брза поддршка.

Дагал денес на Твитер објави дека го поздравува воспоставувањето примирје и отворањето хуманитарни коридори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ