сабота, 27 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Справување со отпадот од храна во Македонија: лекции од европските земји

Оваа ситуација негативно влијае на пристапот до здрава храна, го намалува приходот за оние кои се вклучени во синџирот на вредност и ги зголемува цените на храната за потрошувачите. Ова е особено загрижувачко, бидејќи може да доведе до зголемување на гладот.

Циркуларната економија е економски модел кој има за цел да ги задржи ресурсите во употреба што е можно подолго, да ја извлече максималната вредност од нив додека се во употреба, а потоа да ги обнови и регенерира производите и материјалите на крајот од нивниот животен циклус. Моделот на циркуларна економија може да и помогне на Македонија да го намали отпадот, да отвори нови работни места, да го стимулира економскиот раст и да ја приближи земјата до ЕУ.

Директивата на ЕУ 2018/851 обезбедува превентивни мерки за намалување на загубите на храна во процесот на производство, малопродажба и друга дистрибуција на храна, вклучително и домаќинствата, со поставување на конкретни цели за намалување на отпадот од храна. Македонија постигна напредок во намалувањето на сиромаштијата и гладот, при што стапките на сиромаштија се намалија од 27% во 2010 година на 21,8% во 2019 година и има релативно ниска оценка на Глобалниот индекс на глад која е помала од 5 во 2022 година. Сепак, отпадот од храна останува значаен проблем.

Владата нуди решение преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кои промовира финансиска поддршка за младите иноватори. Целта е да се обезбедат можности за финансирање на млади иноватори кои ги покриваат сите фази, од идентификување на потенцијалот до финансиска поддршка. Последната иницијатива за создавање Регионален фонд за иновации има за цел да ги поддржи младите иноватори и новите компании, да ја зголеми регионалната соработка, да привлече странски прилив на капитал и да ја зголеми конкурентноста на регионот. Регионалниот фонд за иновации ќе се фокусира на Зелената агенда за Западен Балкан и концептот на циркуларна економија.

За понатамошно проширување на борбата против отпадот од храна и придонес во глобалните напори за решавање на ова критично прашање, македонската влада може да ги спроведе следните предлози:

1. Инвестира во инфраструктура и капацитети за складирање: Развојот на соодветна инфраструктура и капацитети за складирање може да помогне во намалувањето на отпадот од храна со зачувување на храната и спречување на расипување. Ова може да вклучи изградба на поефикасни системи за ладење и инвестирање во подобри транспортни методи за навремено да стигне храната до пазарите.

2. Промовирање на одржливи земјоделски практики: Поттикнувањето на земјоделците да спроведуваат одржливи земјоделски практики, како што се плодоред и намалена обработка на почвата, може да помогне да се намали вишокот и да се минимизира отпадот од храна. Во Норвешка, за да се намали отпадот од храна за 50% до 2030 година во споредба со 2015 година, пет министерства и 12 секторски организации потпишаа доброволен договор во 2017 година. Министерството за клима и животна средина го координира договорот, кој постави потцели од 15% намалување до 2020 година и 30% намалување до 2025 година. Слично на Норвешка, македонската влада може да биде партнер со прехранбената индустрија во земјата за да се намали отпадот од храна. Владата може да ја охрабри индустријата да преземе мерки како што се воспоставување програми за донирање храна, намалување на отпадот од храна во производството и дистрибуцијата и развој на нови технологии за управување со отпадот од храна.

3. Едукација на потрошувачите: Зголемувањето на свеста за проблемот со отпадот од храна и едукацијата на потрошувачите за тоа како да го намалат отпадот во нивните домови, исто така, може да има значително влијание. Ова може да вклучува давање совети за планирање на оброците, правилно складирање и користење на остатоците. Данска е пионер во приклучувањето во борбата против отпадот од храна. Во 2016 година, данскиот министер за храна започна шема за субвенционирање. Оваа шема дистрибуираше речиси 750.000 евра на проекти кои се обидуваат да се справат со отпадот низ целиот синџир на исхрана. Пристапот на данската влада за едукација на потрошувачите може да се имплементира во Македонија за да се создаде свест кај јавноста за влијанието на отпадот од храна и начините за негово намалување. Владата може да организира кампањи, работилници и сесии за обука за да ги едуцира луѓето за техниките и практиките за намалување на отпадот од храна.

4. Поддршка на програмите за редистрибуција на храната: Поддршката на организации за храна кои собираат и редистрибуираат вишок храна на оние на кои им е потребна, исто така, може да помогне во решавањето на проблемот со отпадот од храна и истовремено да го подобри пристапот до здрава храна за маргинализираните заедници. Италијанскиот закон е фокусиран кон олеснување на компаниите да донираат непродадена храна. Иницијативата и помага на Италија да поврати милион тони храна годишно. Законот суштински ги ублажи прописите што го отежнуваа донирањето. Храната може да се донира дури и ако е поминат рокот на продажба. Како и Италија, македонската влада може да создаде поддржувачка правна рамка за поттикнување на програмите за донирање храна. Ова би можело да вклучи разјаснување на регулативите за донации и обезбедување стимулации за компаниите да донираат непродадена храна.

5. Спроведување на владини политики и регулативи: Спроведувањето политики и регулативи кои ги поттикнуваат бизнисите да го намалат фрлањето на храна, како што се даночните олеснувања за донации на храна или казни за вишокот отпад, исто така може да бидат ефективни во намалувањето на отпадот од храна. Во 2016 година, Франција стана првата земја што им забрани на супермаркетите да ја фрлаат непродадената храна и бара од нив да донираат вишок храна на добротворни организации и банки за храна, вклучително и квалитетна храна која се приближува до нејзиниот датум на истекување. По примерот на Франција, македонската влада може да воведе нови закони и регулативи за намалување на фрлањето храна. Тие би можеле да вклучуваат барања за бизнисите да го рециклираат нивниот органски отпад и казни за супермаркетите кои фрлаат храна.

Македонското општество полека презема чекори за транзиција кон циркуларна економија, во согласност со законодавството и стандардите на ЕУ. Со континуирани напори кон циркуларна економија, владата може да промовира економски раст, а истовремено да ја заштитува животната средина и да ги подобри социјалните мерки.

                                                                                                                                    Стефан Вељановски,

                                                                                                         авторот е доктор по економски науки

 

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ