сабота, 27 јули 2024

Спортската академија ќе врши проверка на ученици кои сакаат да се запишат во 2024/2025

Државното средно училиште Спортска академија – Скопје го објави јавниот повик за потрага по спортски таленти односно термини и локации за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кои се заинтересирани да се запишат во прва година во учебната 2024/2025 година.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Покрај во Скопје, предвидени се и паралелки во состав на јавните средни училишта во десет општини низ државава. Паралелки за фудбал ќе има во Ванчо Питошески- Охрид, Мирче Ацев – Прилеп, Никола Карев – Струмица, Кирил Пејчиновиќ– Тетово, Кочо Рацин – Велес, Гостивар – Гостивар и Коле Нехтенин – Штип.

Во средното училиште Кузман Шапкарев во Битола ќе има паралелки за фудбал и ракомет, а паралелки за кошарка во Перо Наков  – Куманово и Ѓорче Петров – Кавадарци.

Кандидатите за упис во прва година во средното училиште Спортска академија ќе бидат селектирани од стручна комисија. Селекцијата ќе се одвива во фази – скаутирање од стручни лица, селекција од стручен тим и тестирање на психофизичките способности од страна на стручната комисија.

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превозот до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

Во повикот објавен на веб-страницата на МОН се наведени информации за локациите и датумите за првичната селекција од конкретната Спортска федерација.

„Целта е учениците – спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт“, се наведува во јавниот повик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ